Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2017

Јунајтед највреден клуб во Европа, пред Реал и Барселона

Манчестер јунајтед е највреден клуб во Европа со повеќе од три милијарди евра, покажаа истражувањата на холандската ревизорска куќа КПМГ.

Во истражувањата биле вклучени: вредноста од ТВ-правата, профитот, популарноста на клубот, спортскиот потенцијал и сопственичката структура на стадионот, а новиот освојувач на Лигата на Европа се преоценува на 3,09 милијарди евра, пред Реал Мадрид со 2,97 милијарди и Барселона со 2,76 милијарди европски банкноти.
По водечките три клуба, по ред следуваат: Баерн Минхен (2,44 милијарди евра), Манчестер сити (1,97), Арсенал (1,95), Челзи (1,59), Ливерпул (1,33), Јувентус (1,21), Тотенхем (1,01)...
Од компанијата КПМГ изјавија дека на фудбалската индустрија во голема мера ѝ пораснала вредноста во последните години, особено на англиската Премиер лига, како и дека во истражувањата не била пресметана оваа сезона, туку двете пред неа.
Од десетте највредни клубови испадна пребогатиот ПСЖ, бидејќи го престигна Тотенхем.

Најнови вести