Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2017

Интер со мега понуда за Белоти

Една од најголемите мистерии на претстојниот преоден рок во Италија е каде ќе заврши Андреа Белоти, најдобриот стрелец на Торино. Има многу шпекулации, многу заинтересирани клубови, но изгледа дека Интер прв направи конкретен потег.

Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Милан се само некои од клубовите кои се споменуваат како потенцијална дестинација на стрелецот со 26 гола во неодамна завршениот шампионат. Но, Торино го процени Белоти на сто милиони евра, што во овој момент делува како превисока цена.
Она што го нуди Интер, ако им се верува на италијанските медиуми, убедливо е најблиску до цифра од соништата. Клубот од „Џузепе Меаца“ е подготвен на „биковите“ да им плати 70 милиони евра и уште тројца играчи, меѓу кои се споменуваат две имиња, Андреа Ранокија и Давиде Сантон, а третото сè уште не е познато. Секако дека ова е понуда која нема лесно да се отфрли во Торино, а останува да се види дали ќе биде доволно силна Белоти да заврши во „сино-црниот“ дел на Милано.

 

Најнови вести