Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2017

Сандро Шварц нов тренер на Мајнц

Сандро Шварц е нов тренер на германскиот бундеслигаш Мајнц, кој едвај избори опстанок во елитата изминатата сезона.

Мајнц го предводеше Мартин Шмит, а екипата остана во Бундеслигата само благодарение на подобрата гол-разлика од Волфсбург.
Шмит ја напушти екипата на 22-ри мај, два дена пред последниот натпревар во сезоната.
Ровен Шредер, спортскиот директор на Мајнц, изјави дека Шварц добил договор до јуни 2020 година.
„Среќни сме што Сандро ја презеде екипата. Тој е олицетворение на Мајнц, тој е она што нам ни требаше. Ни требаше таа промена“, изјави Шредер.
Шварц досега ја предводеше младата екипа на Мајнц.

Најнови вести