Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2017

Гриезман останува во Атлетико поради казната на клубот

Францускиот напаѓач Антоан Гриезман изјави дека ќе остане во Атлетико Мадрид бидејќи на шпанскиот клуб му е забрането да доведе играчи во текот на летниот преоден рок.

Изминатите седмици се шпекулираше дека Гриезман би можело да се пресели во Манчестер јунајтед, но откако Судот за спортска арбитража ја потврди суспензијата на Атлетико за трансфери до јануари 2018 година, тој одлучил да остане.
„Ова е тежок период за клубот. Би направил валкан потег ако сега би заминал. Ќе разговараме со челниците и ќе се вратам за следната сезона“, изјави Гриезман.
Атлетико е казнет уште во јули 2016 година со забрана за доведување играчи во два преодни рока поради нелегитимно доведување малолетни фудбалери коишто играа за „јорганџиите“ од 2007 до 2014 година.
Истовремено беше казнет и градскиот ривал Реал Мадрид, двата клуба поднесоа жалба до Судот за спортска арбитража, но казната на Атлетико само му беше ублажена на еден преоден рок.
Гриезман неодамна изјави дека неговите шанси да отиде во Јунајтед наредното лето се 60 отсто, а се шпекулираше за трансфер во износ од околу сто милиони евра.

Најнови вести