05.6.2017 Азар го скрши глуждот
Еден Азар, крилниот напаѓач на Челзи, доживеа тешка повреда на тренингот на репрезентацијата на Белгија.
Тој го изместил глуждот на ногата, а Фудбалскиот сојуз на Белгија потврди дека тестовите покажале дека доживеал фрактура.
Еден Азар, еден од клучните играчи на англискиот шампионат, ќе го пропушти денешниот пријателски натпревар меѓу Белгија и Чешка, како и квалификацискиот со Естонија во петок.
Нема наводи колку долго би можело да паузира, но се шпекулира дека ваквата повреда би можела да го одвои од теренот и до три месеци.
Азар постигна 16 голови и забележа пет асистенции на 36 натпревари во Премиер лигата изминатата сезона.