Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2017

Ливерпул ќе го доведе Салах

Фудбалскиот клуб Ливерпул е блиску до договор со Рома околу трансферот на играчот Мохамед Салах, пренесе „Скај Италија“.

Како што се наведува, Рома за египетскиот фудбалер бара 35 милиони фунти и ја одбила понудата на Ливерпул од 28 милиони, но преговорите за трансферот продолжуваат.
Салах минатата година потпиша договор со Рома, а сезоната претходно ја помина во тој клуб на заем од Челзи.
Тој во 2014 година од Базел направи трансфер во Челзи, но не се снајде добро во лондонскиот клуб, па играше на заем во Фиорентина и во Рома.
Во штотуку завршената сезона одигра 39 натпревари и постигна 19 голови за Рома, која го зазеде второто место на табелата со четири бода помалку од шампионот Јувентус.
Ливерпул во летниот преоден рок го доведе Доминик Соланке од Челзи. Тој на новиот клуб ќе му се приклучи од први јули, кога ќе му истече договорот со Челзи.
Медиумите шпекулираат дека Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, е заинтересиран за Вирџил ван Дајк, одбранбениот играч на Саутхемптон, а „Скај“ наведе дека трансферот е проценет на 50 милиони фунти.

Најнови вести