Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2017

Меси инсистира Барселона да го донесе Ди Марија

Анхел ди Марија, крилниот напаѓач на ПСЖ, по Реал Мадрид, би можело да игра за најголемиот ривал на шампионот на Шпанија и на Европа – Барселона.

На тој трансфер инсистира Лионел Меси, соиграчот на Ди Марија од репрезентацијата на Аргентина и прва ѕвезда на Барселона, што би можело да биде од пресудно значење.
Засега не се знае колкава сума Барселона е подготвена да издвои за брзоногиот фудбалер, чија цена моментно се движи меѓу 40 и 50 милиони евра, а сигурно е дека би дошол на местото на Арда Туран, кој ќе си оди од клубот.
Парижаните немаат ништо против 29-годишниот Аргентинец да направи трансфер на „Камп ноу“, бидејќи на „Паркот на принцовите“ не се задоволни од неговите игри.
Ди Марија беше член на Реал од 2010 до 2014 година, даде голем придонес за освојувањето на Лигата на шампионите во последната сезона во Мадрид, а потоа обезбеди голем трансфер во Манчестер јунајтед, пред да стигне во ПСЖ.

Најнови вести