Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2017

Официјално: Сеад Колашинац во Арсенал

Сеад Колашинац, репрезентативецот на Босна и Херцеговина и досегашен играч на Шалке, од следната сезона ќе игра за Арсенал, соопшти англискиот клуб.

Се наведува дека ќе потпише долгорочен договор, но не се објавени деталите на трансферот, освен тоа дека ќе биде прво засилување на Арсенал во летниот преоден рок.
Колашинац наскоро ќе наполни 24 години, игра на позицијата лев бек, а за репрезентацијата на неговата земја настапи 18 пати.
Тој е роден во германскиот Карлсруе, каде што ја почнал фудбалската кариера на осум години, а потоа играше во младите категории на Хофенхајм, Штутгарт и Шалке.
Колашинац за првиот тим на Шалке дебитираше во 2012 година и за клубот од Гелзенкирхен играше на 122 натпревари.

 

Најнови вести