Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2017

Лукаку си оди: Сакам титула и да играм во Лигата на шампионите

Ромелу Лукаку, центарфорот на Евертон, изјави дека не знае каде ќе игра во наредната сезона, дека сака да напредува и со тоа најави дека ќе си замине од Ливерпул.

Лукаку во штотуку завршената сезона постигна 25 голови во Премиер лигата, а британските медиуми пренесоа дека тој во март ја одбил најголемата понуда во историјата на клубот.
„Не сакам да останам на исто ниво. Сакам да напредувам и знам каде ќе го направам тоа“, изјави Лукаку, а пренесе Би-би-си.
Лукаку од Челзи направи трансфер во Евертон, а медиумите шпекулираат дека тој лондонски клуб е најсериозен во намерата да го доведе дваесет и четиригодишниот белгиски репрезентативец.
Освен шампионот на Премеир лигата, за Лукаку се заинтересирани Манчестер јунајтед и Баерн од Минхен.
„Сега разговараме со клубот. Знам што се случува, но разговорите ќе му ги препуштам на мојот агент. Не можам ништо повеќе да кажам. Најмногу би сакал да играм во Лигата на шампионите и да се обидам да ја освојам Премиер лигата макар еднаш, а би било подобро неколку пати“, изјави Лукаку.
Агент на Лукаку е Мино Рајола, контроверзниот бизнисмен кој застапува неколку големи фудбалски ѕвезди, пред сите Пол Погба и Марио Балотели.

Најнови вести