Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2017

Стефано Пиоли нов тренер на Фиорентина

Италијанецот Стефано Пиоли е именуван за нов тренер на фудбалерите на Фиорентина, потврди клубот од Фиренца.

Пиоли неодамна беше отпуштен од Интер поради серијата лоши резултати, а сега ќе го води тимот во којшто своевремено помина шест години како играч и капитен.
На клупата на „виолетовите“ доаѓа на местото на Португалецот Пауло Соуза и потпиша договор до 2019 година.
Пиоли пред Интер, ги водеше: Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Пјаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана.
Фудбалерите на Фиорентина изминатата сезона ја завршија на осмото место на табелата на Серија А и со тоа останаа без излез во Европа.

Најнови вести