Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2017

Белерин ќе направи трансфер во Барселона

Ектор Белерин, одбранбениот играч на Арсенал, кариерата ќе ја продолжи во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона наводно со Арсенал го договорила трансферот кој би можел да изнесува до 50 милиони евра.
Белерин кариерата ја почна во академијата „Ла Масија“ на Барселона, но професионалец стана во Арсенал 2011 година, каде што веќе со години е стандарден првотимец.
Позицијата десен бек беше најслабата точка на Барселона изминатата сезона, по заминувањето на Дани Алвес, се шпекулираше за неколку потенцијални решенија пред јануарскиот преоден рок (Дарио Срна, Бранислав Ивановиќ, Антонио Рукавина), но Каталонците го дочекаа летото.
Новиот тренер Ернесто Валверде доведувањето десен бек го претстави како приоритет пред челниците на гигантот од „Камп ноу“, па не изненадува тоа што пред почетокот на преодниот рок е пронајдено решение.
Белерин има 22 години, за Арсенал одигра 114 натпревари и постигна четири гола, а кратко во текот на сезоната 2013/14 одигра осум натпревари на заем во Ватфорд.
Со Арсенал два пати го освои ФА купот и еднаш Комјунити шилд. За репрезентацијата на Шпанија дебитираше во 2016 година и одигра три натпревари.

Најнови вести