Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2017

Очајна грешка на Лорис, Шведска ја победи Франција

Репрезентацијата на Шведска на домашен терен ја победи Франција со 2-1 во натпреварот од шетото коло од Групата А во квалификациите за Светското првенство 2018.

Франција со одличниот гол на Оливие Жиру поведе во 37-ата минута, а Џими Дурмаз израмни во 43-тата минута.
Сè до 93-тата минута резултатот беше израмнен и кога се очекуваше судијата да го означи крајот, голманот на Франција направи голема грешка и ѝ ја подари победата на Шведска.
Холандија во истата група очекувано славеше против Луксембург со 5-0, а стрелци беа Арјен Робен во 21, Весли Снајдер во 34, Џорџинио Вијналдум во 62, Квинси Промес во 70 и Винсент Јансен во 80-тата минута од пенал.
Белорусија на свој терен ја победи Бугарија со 2-1.
Европскиот шампион Португалија ја победи на гости селекцијата на Латвија со 3-0 во Групата Б. Два гола постигна Кристијано Роналдо, третиот беше дело на Андре Силва.
Швајцарија со 2-0 беше подобра од Фарски острови со головите на Гранит Џака и Џердан Шачири, а Андора по 13 години и 66 натпревари конечно дојде победа над Унгарија со 1-0.
Белгија рутински победи на Гости кај Естонија со 2-0 во шестото коло од Групата Х, со головите на  Дрис Мертенс и Насер Чадли.
Босна и Херцеговина одиграа без голови, а на натпреварот се случија и немили сцени и тепачка во која беше инволвиран Един Џеко и неговиот соиграч од Рома Манолис, а Јаниотис остана без еден заб. Во третиот натпревар од групата Кипар славеше против Гибралтар со 2-1.

Најнови вести