Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2017

Јунајтед ја зголеми понудата за Мората

Алваро Мората, напаѓачот на Реал Мадрид, е најблиску до трансфер во Манчестер јунајтед по втората понуда од страна на англискиот гигант.

Хуан Лопес, агентот на шпанскиот фудбалер, изјави дека клубот од „Олд Трафорд“ во Мадрид испратил зголемена понуда, но не сакаше да открие за која сума се работи.
Јунајтед минатата седмица за Мората му понуди на Реал 60 милиони евра, која лесно беше одбиена бидејќи шампионот на Шпанија и на Европа бара дури 88 милиони.
„Јунајтед е клуб со многу шарм, многу интересна опција. Можам да кажам дека дојде значајна понуда и сега останува Реал да одлучи. Не можам повеќе да откривам“, изјави Лопес за италијанскиот „Калчомеркато“.
Реал претходно ја одби и понудата на Милан, но Жозе Мурињо, менаџерот на „црвените ѓаволи“ нема лесно да се откаже од тоа да го доведе квалитетниот напаѓал, откако на повредениот Златан Ибрахимовиќ му истече договорот.
Првата цел Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид е недостапен, потпиша нова соработка, па Мората сега е примарна опција.
Ниту 24-годишниот фудбалер нема ништо против да се пресели на Островот бидејќи е незадоволен од статусот и минутажата во матичниот Реал.

Најнови вести