Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2017

Реал и Јунајтед во Скопје – почнува трката за билети

На интернет-страницата на Европската фудбалска унија од вчера почна пријавувањето за купување влезници за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје.

Дуелот меѓу двата европски гиганти, освојувачот на Лигата на шампионите и освојувачот на Лигата на Европа, во Суперкупот на Европа ќе биде одигран на осми август, од 20.45 часот, на стадионот „Филип Втори“ во главниот град на Македонија.
Влезниците чинат од 15 до 50 евра, во зависност од позицијата на местата, а линкот за аплицирање ќе биде активен до четврти јули во 14 часот.
Ако бидат поднесени повеќе барања за влезници отколку што има во продажба (што е многу веројатно), добитниците ќе бидат извлечени на лотарија, наведе УЕФА со напомена дека влезниците не може да се пренесуваат на други лица.

Најнови вести