Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2017

Линделеф стана најплатен дефанзивен играч на Јунајтед

Повеќемесечните пишувања на медиумите конечно се остварија, Виктор Линделеф потпиша за Манчестер јунајтед.

Шведскиот фудбалер успешно ги помина медицинските тестови и потпиша четиригодишен договор со англискиот клуб со опција за продолжување на уште една година.
Бенфика, за која настапуваше до неодамна, како оштета заработи 31 милион фунти.
Линделеф стана најскап дефанзивен играч во историјата на Јунајтед, со оглед на тоа дека пред него најскапо платен беше легендарниот Рио Фердинанд, за кого клубот од „Олд Трафорд“ на Лидс мораше да му плати 29,1 милион фунти.
Швеѓанецот по потпишувањето на договорот изјави дека е многу радосен.
„Воодушевен сум! Поминав убаво време во Бенфика, од која научив многу, но пред мене се нови предизвици. Се радувам што ќе соработувам со Жозе Мурињо и што ќе играм во Премиер лигата. Се надевам дека ќе придонесам во екипата за освојување на трофејот“, изјави Линделеф.

Најнови вести