Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2017

Сон ја скрши раката, ќе ги пропушти подготовките на Тотенхем

Хеунг-мин Сон, офанзивниот играч на Тотенхем, се повреди во текот на натпреварот на репрезентацијата на Јужна Кореја против Катар и нема да му биде на располагање на менаџерот Маурисио Покетино во наредниот месец.

Сон во поразот на Јужна Кореја со 3-2 во Доха беше заменет во 34-тата минута, а според првите процени, ја скршил десната рака, поради што нема да тренира најмалку до почетокот на јули.
Тотенхем подготовките за новата сезона ги почнува на трети јули, а потоа оди на турнеја низ Северна Америка. Се очекува Сон да ѝ се приклучи на лондонската екипа дури кон крајот на следниот месец.
Сон беше еден од најдобрите фудбалери на „петлите“ во минатата сезона со 21 гол, додека на 54 натпревари за Јужна Кореја постигна 17 погодоци.

Најнови вести