Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2017

Евертон го доведе најскапиот голман во историјата на Премиер лигата

Евертон го реши прашањето со голман за наредните неколку години, го доведе Џордан Пикфорд од Сандерленд за рекордни 25 милиони фунти.

Трансферот на 23-годишниот чувар на мрежата би можело да се зголеми до 30 милиони евра, во зависност од резултатите на клубот.
Пикфорд се смета за најталентиран голман во Англија, а беше една од ретките светли точки на „црните мачки“ во изминатата сезона, во која Сандерленд е елиминиран од Премиер лигата.
Евертон на Пикфорд му понудил петгодишен договор на „Гудисон парк“, а тој е прво засилување на Роналд Куман за следната сезона.
Се шпекулира дека „карамелите“ му понудиле 18 милиони евра на Милан за напаѓачот Мбаје Нијанг, кој изминатата полусезона ја помина на заем во Ватфорд.
Тренерот на „росонерите“ не смета на 23-годишниот Французин, посебно по доаѓањето на Андре Силва од Порто за 38 милиони евра.

Најнови вести