Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2017

Донарума одби нов договор со Милан

Младиот италијански голман Џанлуиџи Донарума одби да потпише нов договор со Милан.

По неколку седмици преговарање, Мино Рајола, менаџерот на Донарума, вчера не успеал да постигне заеднички договор со „росонерите“.
Донарума има 18 години, првотимец на Милан стана на 16, а со одличните игри стана голема желба на Реал Мадрид и на ПСЖ.
Милан сакаше да се заштити од нивните понуди со потпишување нов договор со голема откупна клаузула, со зголемување на платата на 4,5 милиони евра годишно, додека Рајола инсистирал на клаузула да може да го напушти „Сан Сиро“ за десет милиони евра ако Милан не се избори за Лигата на шампионите.
Клубот не се согласил на тоа, па Донарума нема да потпише нов договор, а актуелниот му истекува летото 2018 година. Милан пред неколку дена му се закани на Донарума дека нема да игра следната сезона ако не потпише.
Сега останува да се види дали Милан ќе го продаде на Реал или на ПСЖ, коишто му нудат годишна плата од шест милиони евра, и со тоа да заработи барем малку пари од еден од најталентираните голмани на светот или ќе го казни Донарума, па ќе остане без оштета следното лето.

Најнови вести