Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2017

Реми на Македонија во Украина, на победа со Чешка за пласмна на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вчера во Украина одигра нерешено 27-27 и сега ќе мора да оди по потешкиот пат до Европското првенство во ракомет за мажи во Хрватска 2018 година, па за место на континенталниот собир ќе мора да се бори во недела, во пресметката против Чешка на домашен терен.

Нашите репрезентативци одлично го почнаа натпреварот, во првото полувреме имаа сè, но во второто им дозволија да се вратат на веќе отпишаните и да ги поделат бодовите. Имаа многу промашени зицери, немаа реализирани удари, не искористија пенали.
Украинскиот голман го имаше најдобриот настап во кариерата, ги одбрани заканите на нашите крилни играчи и на бековите, а му одбрани и удар од седум метри на Кире Лазаров. Неговите одбрани беа мотивација за соиграчите на теренот, како и за публиката на трибините, која им даваше голема поддршка.
Најефикасен играч на натпреварот беше Кире Лазаров со осум погодоци, Садовји постигна седум за домашната екипа и заедно со Игор Чуприна ја спасија Украина од пораз и со тоа ја оставија во игра за пласман на Светското првенство во Хрватска.
На едно коло до крајот на циклусот, Чешка е прва во групата со шест освоени бода, Македонија и Украина имаат по пет, а последен е Исланд со четири бода. Во недела Украинците ќе гостуваат кај Исланд, а Македонија кај Чешка во директен дуел за пласман во Хрватска.

Најнови вести