Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2017

Деби на Македонија на Европското првенство за фудбалери до 21 година

Од денес до 30-ти јуни во Полска се игра Европското првенство за фудбалери до 21 година, а македонската репрезентација ќе настапи за прв пат.

Селекторот Благоја Милески и неговите избраници ќе дебитираат утревечер, од 20.45 часот против Шпанците, а во групата Б се уште селекциите на Србија и Португалија, против кои „црвено-жолтите“ ќе играат на 20-ти и на 23-ти јуни.
Во полуфиналето ќе се пласираат победниците во трите групи и најдобрата второпласирана селекција.
„Меѓу фудбалерите, како и во стручниот штаб, владее одлично расположение. Сите сме помалку возбудени во позитивна смисла што се приближува почетокот на натпреварувањето и што имаме можност да го отвориме шампионатот против исклучително квалитетен противник. Треба да сме задоволни од нашите фудбалери. Работеа на високо ниво и покажаа желба и мотив. Оваа генерација е способна да се покаже во најдобро светло, против најдобрите европски репрезентации. Овој тим е во состојба да одговори на предизвикот на сите три натпревари во групата, а каков ќе биде исходот на крајот – ќе видиме. Целта е да го дадеме најдоброто од себе, да се радуваме во играта и дуелите против големите противници“, изјави Милевски.

Најнови вести