17.6.2017 Роналдо му соопштил на Перес дека го напушта Реал
Кристијано Роналдо, најдобриот играч на светот, сака да го напушти Реал бидејќи е незадоволен од тоа што шпанските обвинители покренаа обвинение за затајување данок.
Роналдо се наоѓа под истрага поради сомнение дека скрил 14,7 милиони евра на Девствените Острови од приходите за личниот имиџ, а подоцна тоа го демантираа неговите застапници.
Како што пренесува португалската „А Бола“, Португалецот одлуката да си замине од редовите на шампионот на Шпанија и на Европа му ја соопштил на Флорентино Перес, претседателот на Реал.
За таквиот потег веќе се подготвени неколку клубови, како што се ПСЖ, Манчестер сити и Јунајтед, како и некои од Кина, за што и се пишување – дека по финалето на Лигата на шампионите добил рекордна понуда од 180 милиони евра.
Роналдо е девет години во Мадрид, освои сè што можеше да се освои, а во штотуку завршената сезона ја водеше екипата до шампионската титула на Шпанија и до одбраната на трофејот на Лигата на Шампионите, трет за Реал, а четврт во неговата кариера.