Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2017

Македонија против Шпанија го почнува настапот на ЕП

Младата репрезентацијата на Македонија вечерва ќе го го одигра првиот натпревар на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска, а противник на нашата млада селекција ќе ѝ биде Шпанија.

За младата македонска селекција ова ќе биде прв настап на Европското првенство, за што се избори со одличните настапи во квалификацискиот циклус, оставајќи ја зад себе Франција.
„Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сигурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе“, изјави селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција.
Давид Бабунски, фудбалерот од средниот ред, изјави дека Македонија е тука да покаже дека не случајно е меѓу најдобрите на континентот.
„Горди сме што ќе играме на овој шампионатот. Горди сме што токму ние пишуваме историја за нашата земја. Факт е дека ја добивме најтешката група на првенството, но тоа е дополнителен мотив за секој од нас. На хартија можеби ние сме апсолутно аутсајдери, но само на теренот се потврдува квалитетот. На теренот ние ќе се потрудиме да покажеме колку вредиме“, изјави Бабунски.
Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра вечерва, од 20.45 часот во Гдиња, а претходно во групата Б ќе играат Португалија и Србија.

Најнови вести