Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2017

ЕП до 21 година: Сигурни победи на Германија и Италија

Младите репрезентации на Германија и Италија остварија победи на стартот од натпреварите во групата Ц на Европското првенство за репрезентации до 21 година.

Германија со 2-0 ја победи Чешка во Тихи, а со истиот резултат и Италија славеше против врсниците од Данска.
Стрелци за „панцирите“ беа Макс Мејер во 44-тата и Серж Гнабри во 50-тата минута.
Германците можеа да дојдат и до поубедлива победа, но голманот на Чешка Лукас Зима во 85-тата минута го одбрани пеналот на Дејви Селке.
Вториот натпревар се одигра во Краков и „аѕурите“ долго го кршеа отпорот на Данците, па до водство стигнаа во 54-тата минута преку Пелегрини, а победата ја потврди Петања во финишот на натпреварот.
Натпреварот го обележи реакцијата на навивачите кои на голманот на репрезентацијата Џиџи Донарума фрлија лажни долари, алудирајќи дека го предал клубот за кој игра - Милан.

Најнови вести