Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2017

Вест хем тргна по Жиру

Англискиот премиерлигаш Вест хем се обидува да го реализира трансферот на напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру, пренесоа англиските медиуми.

Жиру минатата сезона постигна 16 голови, но беше стартер на само 11 првенствени натпревари затоа што менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, предност му даваше на Алексис Санчез. И покрај тоа триесет годишниот Французин во јануари го продолжи договорот на уште две и пол години.
Венгер сака да го засили нападот на својата екипа и ќе се обиде летово да ја доведе тинејџерската ѕвезда Килијан Мбапе од Монако и Александр Лаказет од Лион.
Покрај нив, Венгер е заинтересиран и за Келечи Ихеаначо од Манчестер сити, Мичи Батшуаи од Челзи и Адам Траоре од Мидлзборо.
Жиру во 2012 година од Монпелје дојде во Арсенал за кого досега одигра 226 натпревари и постигна 98 голови. Со „топчиите“ освои три ФА Купа, во 2014, 2015 и 2017 година.
Вест хем во летниот преоден рок досега го донесе поранешниот одбранбен фудбалер на Манчестер сити, Пабло Забалета.

Најнови вести