19.6.2017 Мбапе: Или во Реал или никаде!
Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, конечно одлучи во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.
Осумнаесет годишниот француски репрезентативец го известил раководството на клубот од Кнежеството дека негова желба е трансфер во Реал Мадрид.
„Или ќе одам во Реал Мадрид или не одам никаде“, ги пренесе „Марка“ зборовите на Мбапе.
Според шпанскиот весник само прашање на време е кога младата француска ѕвезда ќе се пресели на „Сантијаго Бернабе“. Што се однесува на тренерот Зинедин Зидан тој би сакал да потпише договор со Мбапе и потоа да го прати на позајмица во некој клуб, можеби и во Монако.
Интерес за Мбапе покажаа уште ПСЖ и Арсенал, но неговиот татко би сакал да го види во мадридскиот гигант.
Претходно беше објавено дека Реал за Французинот понудил 130 милиони евра и дека е подготвен да ја исполни желбата на фудбалерот и неговите родители да остане уште една сезона во Монако.