Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2017

Хонда зрачи со оптимизам пред Баку

Претставниците на Хонда се оптимисти во врска со подобрувањата на својот мотор пред Големата награда на Азербејџан, кои не беа остварени во трката во Канада иако беа планирани.

Мекларен, кој ги користи моторите на Хонда, е единствен тим без ниту еден бод во досегашниот тек на шампионатот Формула 1.
Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн поради проблемите со моторите мораа на неколку трки да се откажат, а поради промената на моторот ќе стартуваат последни на трката во Баку следниот викенд.
„Ќе има неколку подобрувања кај согорувањето на моторот во Баку. Не можам детално да специфицирам, но дефинитивно е воведеме нешто ново макар да не е тоа нешто драстично“, изјави директорот на Хонда за Ф1 Јусуке Хасегава.
Хонда во текот на сезоната има проблеми со брзината и сигурноста на моторот, кој има проблеми со вибрации и недостаток од околу 90 коњски сили.
„Доколку го подобриме согорувањето, температурата на издувните гасови ќе се намали, што значи намалување на енергијата која се регенерира низ турбото, поради што потребно е да се заменат овие делови. Ситуацијата е посложена отколку што можат луѓето да си замислат“, додаде Хасегава.
Големата награда на Азербејџан на распоредот е од 23 до 25 јуни на улиците на Баку.

Најнови вести