Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2017

И Мурињо обвинет за затајување данок во Шпанија

Шпанското државно обвинителство овие денови има полни раце работа, па по обвинението на сметка на Кристијано Роналдо кој наводно затајувал данок, со исто обвинение го „почести“ и Жозе Мурињо.

Шпанското државно обвинителство го обвини Жозе Мурињо дека затајувал данок во 2011 и 2012 година додека бил тренер на Реал Мадрид.
Мурињо на даночните власти на Шпанија должи 3,3 милиони евра како што навел јавниот обвинител кој поднел обвинение во локалниот суд.
Според обвинителот, Мурињо за 2011 година должи 1,6 милиони евра, а за 2012 1,7 милиони.
Пред Мурињо и Роналдо на листата на обвинети за затајување данок се најдоа и Лионел Меси, Хавиер Маскерано, Алексис Санчес и Нејмар.

Најнови вести