Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2017

Лајпциг и Салцбург можат да играат во Лигата на шампионите

УЕФА му одобри на вицешампионот на Германија Лајпциг да игра во Лигата на шампионите оваа сезона откако сопственикот на клубот се дистанцираше од австрискиот клуб Салцбург.

Поради правилата на УЕФА постоеше опасност Лајпциг да не игра во Лигата на шампионите, иако со освојувањето на второто место во Бундес лигата стекна право да игра во групната фаза.
УЕФА забранува клубови кои имаат ист сопственик да се натпреваруваат во исто натпреварување.
Компанијата Ред Бул е сопственик на Лајпциг и на Салцбург. Според правилата, Салцбург би играл во Лигата на шампионите затоа што како шампион на Австрија е во подобра позиција од вицешампионот на Германија.
УЕФА во соопштението наведе дека нејзината комисија за финансиски надзор на клубовите „смета дека ниедно физичко ниту правно лице нема финансиско влијание на двата клуба“.
Салцбург во јули ќе игра во второто коло од квалификациите против победникот од дуелот меѓу Хибернијанс од Малта и Талин од Естонија.

Најнови вести