Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Коста поради Атлетико спремен да паузира до јануари

Диего Коста е на излезната врата на Челзи, а веќе неколку месеци траат шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Натурализираниот Шпанец сака да се врати во Атлетико Мадрид и покрај тоа што на клубот до јануари 2018 година му е забрането да регистрира нови фудбалери.
Тој е подготвен летово да се пресели во Мадрид да ја паузира целата полусезона додека не му истекне казната на европскиот вицешампион.
Во тој случај Атлетико дури во јануари би можел да го пријави за настап.
Од Челзи неодамна соопштија дека не би го пуштиле Коста за обесштетување помало од 56 милиони евра, додека мадриѓаните се подготвени да платат до 35 милиони евра.

Најнови вести