Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Роналдо во ПСЖ за 150 милиони евра!?

Францускиот вицешампион е заинтересиран за трансфер на напаѓачот на Реал Мадрид, пренесоа француските медиуми.

Клубот од Париз е подготвен да го искористи незадоволството на најдобриот европски фудбалер Кристијано Роналдо поради обвиненијата за затајување на данок во Шпанија и за 150 милиони евра да го донесе од Реал Мадрид.
Доколку се оствари трансферот, Португалецот би можел по втор пат во кариерата да го урне светскиот рекорд по 2008 година кога во дојде во Реал Мадрид од Манчестер јунајтед за 90 милиони.
Роналдо веќе им порача на челниците на Реал Мадрид и на тренерот Зинедин Зидан дека има намера да си оди, на што се подготвени да реагираат во ПСЖ и во Манчестер јунајтед.
Четирикратниот освојувач на Златната топка со „кралскиот“ клуб освои сè што можеше да се освои, а во штотуку завршената сезона ја водеше екипата до титулата шампион на Шпанија и одбраната на трофејот во Лигата на шампионите.

Најнови вести