Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2017

Официјално: Салах во Ливерпул за 34 милиони фунти

Ливерпул го комплетира трансферот на Мохамед Салах од Рома за 34 милиони фунти.

Тоа е втор најголем трансфер во историјата на гигантот од „Енфилд роуд“, по Едни Керол, кој беше платен еден милион повеќе на Њукасл во 2011 година.
Египќанецот потпиша петгодишен договор со „црвените“, а беше приоритет на менаџерот Јирген Клоп за летниот преоден рок.
„Мохамед е совршен микс од искуство и потенцијал – тоа навистина постои“, изјави Клоп на претставувањето на Египќанецот.
Салах има 25 години, а во 2013 година Челзи го купи од Базел за 11 милиони. Но, Египќанецот не се снајде во Лондон, одигра само 19 натпревари за две сезони и даде еден гол.
Се прероди во Италија, каде што на 83 натпревари за Фиорентина и за Рома беше стрелец 34 пати. За репрезентацијата на Египет постигна 29 погодоци на 53 натпревари.
Потекнува од Ел Мокавлун, а во Европа стигна во 2012 година во Базел, за кого во текот на двете сезони даде 20 голови на 79 натпревари.

Најнови вести