Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2017

Германија и Чиле ремизираа, одлука во последното коло

Фудбалерите на Германија и на Чиле ремизираа 1-1 во дерби-натпреварот од второто коло на групата Б во Купот на конфедерациите.

Чилеанците поведоа уште во шестата минута, кога Алексис Санчес ја искористи грешката на Шкодран Мустафи и стана најдобар стрелец во историјата на Ла Риоха.
Светскиот шампион не блескаше во првото полувреме, но успеа да изедначи четири минути пред паузата, по одличната акција на Јонас Ектор, која ја реализираше Ларс Штиндл.
Во продолжението на натпреварот, одлични шанси за Чиле пропуштија Санчес и Артуро Видал, кои шутираа над голот од одлични ситуации.
Шансата да направи пресврт и да ѝ донесе победа на Германија на 17 минути пред крајот ја пропушти Штиндл, поточно одлично интервенираше Џони Ерера.
Нерешено беше и во првиот натпревар од групата меѓу Камерун и Австралија, исто така 1-1.
Чиле и Германија имаат по четири, а Австралија и Камерун по еден бод. Во последното коло играат Чиле – Австралија и Германија – Камерун.

Најнови вести