Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2017

Силна група за Македонија на ЕП во Хрватска

На свечена церемонија во Загреб се одржа ждрепката за групната фаза на ракометното Европско првенство кое ќе се игра следната година во Хрватска.

Македонија беше сместена во вториот барабан благодарение на одличните игри во квалификации и првото место во групата во која играше со Чешка, Украина и Исланд.
Ждрепката сакаше нашата репрезентација да игра во Загреб во Групата Ц против селекциите на Словенија, Германија и Црна Гора.
Во Групата А во Сплит ќе се сретнат домаќинот Хрватска, Исланд, Србија и Шведска. 
Во Пореч ќе се одиграат натпреварите од Групата Б помеѓу Франција, Норвешка, Австрија и Белорусија. 
Групата Д ќе се игра во Вараждин, а во неа се репрезентациите на Шпанија, Унгарија, Чешка и Данска. 
Пласман во втората фаза обезбедуваат првите три репрезентации од секоја група.
Во втората фаза вкрстуваат репрезентациите од А и Б и шестте најдобри се селат во Загреб. Вараждин е домаќин на  втората фаза од вкрстувањето на групите со репрезентациите од Групите Ц и Д.
Натпреварите ќе се играат од 12 до 28 јануари следната година.

Најнови вести