Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2017

Рома доведе десен бек од Феенорд

Холандскиот фудбалер Рик Карсдорп од Феенорд ќе направи трансфер во Рома за најмалку 16 милиони евра.

Овој 22-годишен десен бек ќе потпише петгодишен договор кога ќе ги помине денешните лекарски прегледи во Рим.
Шампионот на Холандија веднаш ќе добие 16 милиони евра за оштета, а потоа и дополнителни три милиони во случај да се исполнат одредени бонуси.
Карсдорп долго време беше цел на Барселона, на Манчестер јунајтед и на Баерн Минхен, но новиот спортски директор на Римјаните, Мончи, човекот познат по добрите потези на пазарот на трансфери, беше најбрз.
Карсдорп потекнува од клубот од Ротердам, ги помина сите селекции на репрезентацијата на Холандија и за тимот А одигра два натпревари.

Најнови вести