Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2017

Банега се врати во Севилја

Само по една година во Италија, Евер Банега се врати во Севилја, со која потпиша двегодишен договор.

Овој 28-годишен Аргентинец минатата сезона настапуваше за Интер, за кого на 33 натпревари, постигна шест голови и осум асистенции.
Но, имаше епизодна улога, од 28 натпревари во Серија А, само 20 ги почна во првата постава, па одлучи да се врати во Андалузија.
Банега играше две години на „Рамон Санчес Писхуан“, каде што два пати ја освои Лигата на Европа. Во Шпанија играше и за Валенсија шест сезони, а една за Атлетико Мадрид.

Најнови вести