Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2017

Роналдо доби близнаци

Капитенот на Португалија и најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо го напушти националниот тим по поразот во полуфиналето на Купот на конфедерациите затоа што стана татко на близнаци.

Како што соопшти на официјалниот профил на Фејсбук, сурогат мајка пред неколку денови му родила браќа близнаци и истакна дека е пресреќен што конечно ќе ги види.
„Бев во служба на националниот тим, како и секогаш со душа и со тело, иако во меѓувреме синовите ми дојдоа на свет. За жал не успеавме да ја оствариме целта која ја сакавме, но уверен сум дека ќе продолжиме да им носиме радост на Португалците. Претеседателот на Федерацијата, селекторот и другарите од репрезентацијата ме допреа на состанокот и тоа нема никогаш да им го заборавам. Многу сум среќен што по прв пат ќе бидам со своите деца“, напиша Роналдо.
Кристијано прв пат стана татко на 17 јуни 2010 година кога исто така од сурогат мајка го доби Кристијано Роналдо јуниор во болница во Сан Диего.

 

Најнови вести