Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2017

Зидан го испрати синот во Алавес

Енцо Зидан, досегашниот фудбалер на Реал Мадрид, од наредната година ќе го носи дресот на Алавес.

Синот на Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, со Алавес потпиша тригодишен договор.
Алавес најави дека Зидан ќе биде претставен следната недела. Енцо минатата сезона дебитираше за првиот тим на Реал во натпревар од Кралскиот куп, кога постигна и гол.
Тој последните две сезони беше важен дел од Реал Мадрид Кастилја, одигра 78 натпревари за клубот и постигна седум голови и 15 асистенции.

Најнови вести