Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2017

Барселона го враќа Деулофеу

Младиот шпански репрезентативец Жерар Деулофеу ќе се врати во Барселона од Евертон, соопшти шпанскиот клуб.

Деулофеу, кој игра на позицијата десен крилен напаѓач, потпиша за Евертон во јуни 2015 година под услов Барселона да може да го врати на „Камп ноу“ во рок од првите две години од договорот.
Барселона ја активираше таа клаузула и новиот двегодишен договор би требало да биде потпишан деновиве.
Деулофеу е дете на „Ла Масија“, академијата на Барселона, но не успеа да се избори за место во првиот тим. Играше како позајмен фудбалер во Евертон во сезоната 2013/14 и во Севилја 2014/15. За Евертон одигра 62 натревари и постигна пет голови, а во втората половина од минатата сезона отиде на позајмица во Милан каде одигра 17 меча и четир пати беше стрелец.
Сега се враќа во Барселона за 12 милиони евра.

Најнови вести