Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2017

Челзи го договори Ридигер

Рома и Челзи се договориле за трансфер на репрезентативец на Германија, Антонио Ридигер, кој во понеделник е на лекарски прегледи во Лондон.

Доколку сè мине во ред истиот ден ќе биде потпишан петгодишниот договор, јавија италијанските медиуми.
Челзи за трансферот на Рома ќе ѝ плати 33 милиони евра, плус дополнителни пет милиони за разни бонуси.
Ридигер својата прва сезона во Рома ја играше како позајмен фудбалер од Штутгарт, а потоа минатото лето италијанскиот клуб го откупи неговиот договор за девет милиони евра, па може да се каже дека ова е одличен потег на управата на римјаните.
Рома по трансферот на Лоренцо Пелегрини потврди уште едно засилување. Фудбалерот на Монако, Максим Гоналос, кој игра на позицијата последен играч за врска, потпиша четиригодишен договор со „волчицата“, а Монако ќе добие пет милиони евра обесштетување.

Најнови вести