Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2017

Вардар во група со Барселона и Нант во Лигата на шампионите

Вардар и Металург по ждрепката во Љубљана ги добија противниците во групната фаза за новата сезона во Лигата на шампионите.

Европскиот шампион Вардар доби интересна група во која ќе игра со Барселона, Нант, новиот клуб на Кире Лазаров и Рајн Некар во кој настапува Филип Талески. Групата А ја комплетираат Загреб, ПИК Сегед, Висла Плоцк и Кристијанштад.
Металург како носител во двете послаби групи ги доби екипите на Мотор, Монпелје, Бешикташ, Чеховски Медведи и најдобриот во квалификациите каде што се тимовите на Хард, Спортинг Лисабон, Кокс и Татран Прешов.

Група А: Вардар, Барселона, Нант, Рајн Некар, Загреб, Висла Плоцк, ПИК Сегед, Кристијанштад, 
Група Б: Веспрем, Кјелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест, Целје, Фленсбург, Кил
Група Ц: Адемар Леон, Скјерн, Горење, Кадетен, Динамо Букурешт, Елверум
Група Д: Металург, Мотор, Монпелје, Бешикташ, Чеховски Медведи, Квалификант

Македонскиот женски шампион Вардар ќе игра во Групата Ц од Лигата на шампионите, со екипите на Ларвик, Ференцварош и квалификант од групата 2 во која се наоѓаат Турингер, Хорс, Хипо и Месалија Атлетико Гуардес.

Најнови вести