Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2017

Јунајтед добива засилување од Реал Мадрид

Алваро Мората во следните два дена треба да потпише за Манчестер јунајтед.

Шпанските медиуми известуваат дека Реал Мадрид и англискиот гигант постигнале договор и дека се чека напаѓачот да ги мине лекарските прегледи за да биде официјализиран трансферот.
Според нивните шпекулации висината на трансферот би требало да биде околу 80 милиони евра.
Мурињо сега може да биде задоволен затоа што досега „кралевите“ не сакаа да попуштат во преговорите.
Шпанецот ќе биде второ засилување за Манчестер јунајтед летово, досега го донесоа само Виктор Линделоф.

Најнови вести