Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2017

Крај на сагата - Донарума останува во Милан

Талентираниот италијански голман Џанлуиџи Донарума сепак останува во Милан - двете страни по неколку недели преговори и провокации ја продолжија соработката.

Според италијанските медиуми Донарума потпишал петгодишен договор вреден шест милиони евра по сезона, а вклучено е и доаѓањето на неговиот брат Антонио на „Сан Сиро“ од грчкиот Астерас за милион евра по сезона.
Во договорот е вклучена откупна клаузула од 100 милиони евра која ќе биде намалена на 50 милиони доколку „росонерите“ не се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона, а важи и за италијанските и за другите европски клубови.
Донарума наводно одбил понуда на ПСЖ вредна 13 милиони евра годишно.

Најнови вести