Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2017

Арсенал плаќа 70 милиони фунти за двајца фудбалери на Спортинг

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер веќе подолго време внимателно ги следи фудбалерите на португалскиот тим Желсон Мартинс и Вилијам Карвалјо и летово е подготвен да ги доведе на „Емирати“.

„Топчиите“ сакаат да се засилат за следната сезона со цел да се изборат за место во Лигата на шампионите, а за двајцата фудбалери се подготвени да платат 70 милиони фунти колку бара Спортинг.
Мартинс игра на позицијата десно крило, а по потреба може да игра и како десен бек. Има 22 години, а минатата сезона одигра 43 натпревари за клубот од Лисабон.
Карвалјо е одбранбен фудбалер за врска и беше во фокусот во 2014 година кога беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед.
Венгер сака да го засили средниот ред затоа што не е задоволен од игрите на Џака кого го доведе минатото лето.
Арсенал е пред доаѓањето на големото засилување од Лион, Александр Лаказет, кој е најавен за деновиве.

Најнови вести