Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2017

Гвардиола: Сити една деценија зад Реал, Барселона и Баерн

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека на „граѓаните“ им се потребни барем 10 години да бидат на нивото на Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен.

Гвардиола ја заврши првата сезона на „Етихад“ прилично неуспешно затоа што остана без ниту еден трофеј, но порача дека нема да се откаже од својот препознатлив стил.
„Нема потреба нешто да менувам, не знам како би се движеле работите во друг правец. Во Англија се игра 11 против 11 како и секаде, само разликата е во тоа што судиите дозволуваат поцврста игра. Уживав во првата сезона, многумина кажуваат дека сме биле неуспешни, но има многу да се зборува околу тоа“, изјави Гвардиола.
Шпанецот прв пат во кариерата остана без пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите откако Монако го елиминираше Сити во осминафиналето.
„Сити е голем тим, пет години по ред е во Лигата на шампионите, но уште е далеку од Барселона, Баерн, Реал и Јувентус. Потребно е време, веројатно деценија“, додаде Шпанецот.
Гвардиола најави реконструкција на тимот летово, веќе заминаа Бакари Сања, Гаел Клиши, ВИли Кабаљеро и Пабло Забалета, а досега стигнаа Бернардо Силва и голманот Едерсон.

Најнови вести