Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2017

Откако му го продаде Лукаку на Јунајтед, Евертон заинтересиран за Бентеке

Фудбалскиот клуб Евертон е заинтересиран за Кристијан Бентеке, напаѓачот на Кристал палас, пренесоа вчера британските медиуми.

Евертон ова лето му го продаде напаѓачот Ромелу Лукаку на Манчестер јунајтед за 85 милиони евра, а ги доведе Вејн Руни и Сандро Рамирез.
Бентеке од Ливерпул минатото лето отиде во Кристал палас за рекорден трансфер на клубот од 27 милиони фунти. Медиумите шпекулираа дека 26-годишниот напаѓач на крајот на минатата сезона размислувал да си замине од Кристал палас.
За напаѓачот на Кристал палас, наводно, е заинтересиран и Челзи.
Бентеке минатата сезона постигна 17 погодоци за Кристал палас.

Најнови вести