Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2017

Манчестер јунајтед има нов капитен

По заминувањето на Вејн Руни, остана празна позицијата капитен на Манчестер јунајтед, а честа да ја понесе легендарната лента ја доби Мајкл Карик.

Карик е 53-ти капитен на гигантот од „Олд Трафорд“, влезе во групата на легенди како Денис Ло, Боби Чарлтон, Брајан Робсон, Ерик Кантон, Рој Кин и Немања Видиќ.
Искусниот играч за врска има 35 години, во Јунајтед дојде во 2006 година од Тотенхем и одигра 459 натпревари, на кои постигна 24 гола.
„Привилегиран сум да бидам капитен на неверојатен фудбалски клуб. Го сакам Манчестер јунајтед, ќе дадеме сè од себе да оствариме уште успеси“, изјави Карик за навивачите.
Карик минатата сезона беше заменик-капитен, а со Јунајтед освои пет титули на Премиер лигата, четири на ФА купот и Лигата на шампионите. Неодамна меѓу пензионирање и Јунајтед одлучи да го продолжи договорот на уште една сезона.
Со оглед на тоа дека поголемиот дел од натпреварите ќе ги почнува од клупата за резерви, негов заменик и чест носител на лентата на теренот ќе биде младиот Шпанец Андер Ерера.
Во меѓувреме, Јунајтед го напушти момчето од кое пред неколку години се очекуваше многу. Аднан Јанузај направи трансфер во Реал Сосиедад за околу 12 милиони евра. Момчето кое се прослави на 18-годишна возраст кај Дејвид Мојс не се покажа на заем во Борусија Дортмунд и во Сандерленд во претходните две сезони, па Жозе Мурињо одлучил дека веќе не му е потребен во екипата.

Најнови вести