Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2017

Даглас Коста направи трансфер од Баерн во Јувентус за 46 милиони евра

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста направи трансфер од Баерн во Јувентус откако ги помина лекарските прегледи, соопшти шесткратниот последователен шампион на Италија.

Даглас Коста во Торино доаѓа на двегодишен заем за шест милиони евра, со тоа што Јувентус има обврска подоцна да го откупи за уште 40 милиони.
Итриот крилен фудбалер од Минхен си замина само по еден ден откако во Баерн стигна Џејмс Родригес од Реал Мадрид за 45 милиони евра и ја засили веќе силната конкуренција во редот за врска.
Некогашниот фудбалер на Шахтар минатата сезона беше незадоволен од минутажата кај тренерот Карло Анчелоти и поради тоа инсистираше да ја промени средината.

Најнови вести