Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2017

Челзи понуди 70 милиони фунти за Обамејанг

Челзи од Лондон на Борусија од Дортмунд ѝ понудил 70 милиони фунти (околу 70 милиони евра) за напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, пренесува „Скај спортс“.

Веќе со месеци се шпекулира за тоа каде Габонецот ќе ја продолжи кариерата, а главно се шпекулираше дека најдобриот стрелец на германската Бундеслига ќе се пресели во Реал Мадрид.
Но, пропаднатиот план за доведување на Ромелу Лукаку од Евертон (отиде во Манчестер јунајтед), го натера Антонио Конте да побара алтернатива, а ја најде во Обамејанг.
Конкуренција на „сините“ му е поранешниот клуб на Обамејанг, Милан, кој наводно веќе е во преговори со Борусија, а, секако, во игра е и ПСЖ.
Габонецот постигна 42 гола за Борусија и за репрезентацијата во минатата сезона, а ја одби богатата понуда од кинескиот Тијанџин Чванџијан.
Борусија 28-годишниот Обамејанг го доведе од Сент Етјен во 2013 година за околу 12 милиони евра, а тој на 128 натпревари постигна 85 погодоци.
Има договор на уште три години.

Најнови вести