Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2017

Парижани, платете 90 милиони и водете го Кутињо

Бразилецот, инаку платен на Интер 8,5 милиони фунти, во јануари го продолжи договорот со „црвените“ до 2022 година.

Од Ливерпул им порачаа на луѓето од ПСЖ дека непотребно се распрашуваат за Кутињо, освен доколку не подготвиле 90 милиони евра (80 милиони фунти).
Бразилецот, инаку платен на Интер 8,5 милиони фунти, во јануари го продолжи договорот со „црвените“ до 2022 година, а има седмична плата од 150.000 британски банкноти.
Филипе Куртињо, една од ѕвездите на бразилската селекција и десетка на Ливерпул, до вчера беше на одмор во татковината. Играчот за врска, кој кариерата ја почна во Васко де Гама, не можел да не го посети стариот клуб.
На малата свеченост, на која бил со сопругата Аине, таткото Жозе Карлос и со мајката Есмералда, претседателот на Васко де Гама, Еурико Миранда, му врачил посебен дрес.
„Среќен и возбудлив ден за мене. Дојдов да ги видам старите пријатели и ‘Сао Жануарио’, кој баш ми недостасува. Тој стадион и клубот се како моја куќа, тука поминав десет години“, изјави Курињо.
Кутињо (25) во Васко де Гама дојде како дете во 1999 година и остана до 2010, кога на осумнаесетгодишна возраст направи трансфер во Интер од Милано. Во Ливерпул е од 2013 година... Репрезентативец на Бразил стана уште во 2010 година, а оттогаш одигра 27 натпревари за „кариоките“ и постигна седум погодоци.
Ливерпул од вчера почна со подготовките за новата сезона.

Најнови вести