Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2017

Вардар со реми во Малме

Македонскиот шампион избори 1-1 на гостински терен во првиот натпревар против Малме во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Првото полувреме не изобилуваше со премногу шутеви кон голот. Односно, не беше постигнат гол во првите 45 минути, иако Малме доминираше во играта и имаше повеќе удари кон голот.
Но, во второто полувреме „црвено-црните“ постигнаа многу важен гол во гости. Долгата топка беше пресретната од Џонатан Балотели, кој успеа да ја врати назад до Бобан Николов. По неколку потези, се ослободи од сенката на играчот на Малме и ја смести топката зад Јохан Виланд.
Малме, сепак, се освести од шокот и ремизира кога Франц Брорсон шутираше од слободен удар и израмни за 1-1.
Натпреварот имаше речиси десет минути судиско продолжување и Малме притискаше за победоносен гол. Андерс Кристијансен се обиде, но без среќа.
Со овој резултат во Малме, нашиот тим обезбеди одлична почетна позиција за реванш-натпреварот во Скопје.

Најнови вести